Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Почитуван во општеството! (се влече четвороношки по подот) – Види, види го ти него – се довлечкува до заспаните, ги душка – Овде смрди на декаденција.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бети со едната рака ја подига слушалката и ги врти броевите, а со другата од џебот на палтото вади женски гаќички кои почнува да ги душка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Девојката успева да се подигне и започнува панично да бега.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Птиците умираат невидливи, мислел некој од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тромав од старост и со студ во коските, светлозејтинест и без надеж дека ќе му се спротиви и на помал волк, манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)