Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се чудеа и ги жалеа отроците: зарем тие, такви, слабодушни суштества, дошле да си го вадат поминокот работејќи на полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со здравје синко... - Здравје да имаш, дедо Крсто, и немој да ги жалиш парите зашто ќе имаш внука учена...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако скриле нешто, немој да ги жалиш. Ако не, никому ништо.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Покојникот би можел да ги жали нив.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас на тоа се зезам, дека ги жалам моите неостварени соништа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Да не ги жалиме многу“, рече сега потивко амамџијата, и намигна шеретски.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во тој момент завршија моите среќни денови, оние во кои уживав откако брат ми замина за Лондон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Почнав да ги жалам тие што немаат браќа и сестри, а најмногу ми беше жал за мене самата, го имам, а не е тука. Каква тага!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Што ги жалите...” Бандо се враќаше со празен чун и им крцкаше со заби на другите рибари: „Што сте запнале толку...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Санкии грехови човеческии не се оставља Бог, ами ги жали и ги милуе кога се покајат.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)