ги (зам.) - закопча (гл.)

Тој скокна на нозе, ги спушти ракавите, ги закопча, вешто го собра сакото од наслонот на столот, ги вовлече рацете во ракавите, дванаесет и триесет - господи боже, и тоа е доволно лошо, но колку стварно е саат?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татенцето не успеал барем да си ги закопча панталоните, ги држеше в раце и така одеше од одделение до одделение, со оној ист ведар израз што пред малку се читаше на ѕвонаревото лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеби и тоа разбрало за нашиот празник, околискиот веќе беше запознат, бараше реферат, како искуство да се искористи; татенцето најпосле си ги закопча панталоните (малку се сврти настрана и си ги закопча).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Темно зелените кошули ги закопчаа до последната петлица, така налагаа гардиските правила.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бандитите ги закопчуваат панталоните и трчајќи излегуваат од станот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакам да останам сама со својот принц!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)