ги (зам.) - започнува (гл.)

Лок се откажува од поимот за супстанција, Беркли ја отфрла материјата, а Кант смета дека ние никогаш не го гледаме светот каков што „навистина“ е.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Идентификувањето на уверувањата коишто немаат доволно поддршка од процедурите за оправдување и нивното отфрлање од корпусот на знаењето е речиси согледано како негово „прочистување“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Декарт ги започнува своите Медитации тврдејќи дека сите негови убедувања можат да бидат лажни и затоа тој ги отфрла нив како неверодостојни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, интересен е обидот да се одговори на прашањето зошто во поново време експериментите со вештачки поттикнувачки средства најпрво ги започнуваат творците во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Редовен пациент објасни за различните навики на секој лекар примањата да ги започнува од различен крај на купот легитимации, на што толпата беспомошно замолча.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Рацете и телото му затреперија како на светец кој ги започнува своите неразбирливи молитви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во 1965-6-та тој поминува уште една година во Европа и потоа се враќа во САД каде ги започнува своите постдипломски студии по математика на Беркли универзитетот во Калифорнија... 1976 година одбранува докторат од теоретска физика на Универзитетот во Орегон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)