ги (зам.) - затопли (гл.)

Дека утринта, кога не наспани ги разбудија, им пристуде, штом сонцето ги затопли им се приспа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но селаните не ѝ се радуваа сега на пролетта како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)