Но, Рада ги зграпчи тој миг и искрата, који требаше да го запалат огнот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Бојан ги зграпчи, едното под едната мишка, другото под другата, па иако тешки, почна да ги врти околу себе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Заборавиле што е страв, а кога им дојде ноќеска тие му се подадоа да ги зграпчи за гуша, немајќи ништо, со што би му се спротивставиле, така што оној немаше повеќе ни со што да докрепи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со тоа се остварува нова антропологија: „ние“ е јазол на можности, што се реализираат дотолку повеќе колку подлабоко ги зграпчи можностите што лебдат во него, значи, креативно ги обликува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Оттука тој минува!“ Ги зграпчија копјата со своите оклопени прсти, и ги заслепија коњите, навлекувајќи им ги визирите преку очите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)