ги (зам.) - избрка (гл.)

Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оние што немаа билети ги отстрануваше од бифето. Ги избрка и сомнителните жени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Направиле лом тие луди дечишта, велеше, па тој морал лично да ги избрка и тогаш го повикал татко му на Стомачето за да нѐ спакува и да ги исчисти работите од станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Изгледаат загрижени за коренот на колективното како за пациент со вртоглавица - безделнично го следат секое негово движење, со сигурност дека тој нема да побесни и да ги избрка набљудувачите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Децата на Јована, како мали пцета, се вртат околу излогот, ќе пикнат внатре глава, ќе ги избркаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Првите три од тие пет години по смртта на мајка ѝ таа ги помина во некој буден сон, од кој не можеше да ги избрка сликите и звуците од нејзините последни денови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Струма зема прачка, а јас камења, сакаме да ги избркаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или воопшто, за тоа како би можел сега да ги избрка жената и синот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко ми седна до мене, ме прегрна и ги избрка Бреза и мајка ми од собата. - Имаме машки разговори, - викна тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дрвото ги истресе лисјата ги избрка птиците Разголено под небесниот туш чека. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)