ги (зам.) - излее (гл.)

Таа ги наострила сите ножови и и ги излеала казаните за ракија. Пијана, подмолна свиња судбина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тие бараа уво во кое ќе ги излеат своите маки за олеснување на душата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите негови шетаа низ куќата со подуени очи од плачење; со секое влегување кај него во собата, очите ќе им се наполнеа со солзи и излегуваа надвор да ги излеат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)