ги (зам.) - искористи (гл.)

Главна цел на проектов (пак повторувам: во неговата техно-варијанта, бидејќи текстот првобитно и не беше замислен како хипер-текст) е што пошироко да ги искористи можностите на овој нов медиј - хипертекстуалноста, всушност да ги „размрда” сфаќањата за тоа што воопшто значи медиј и палимпсест, бидејќи во случајов станува збор за еден мултимедиски палимпсест (расказ, предавање, епистоларна исповед, мала илустрирана енциклопедија, стрип, филм - овој проект едновремено е сето тоа, без да биде заробен во оклопот на било која од наброените форми).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А сепак, сопственото јас, иако е вон телото, не може да ги искористи предностите кои ги очекува, и на кои им се надева од оваа состојба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нивните меѓусебни војни во историјата, познати како Пунски војни, Филип V сакал да ги искористи за нови освојувања на запад.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во оваа своја политика Велика Британија изградила стратегија со која настојувала да ги искористи движењата на отпорот и народноослободителните движења во Европа за да ѝ послужат како трансмисија за повторно воспоставување на предвоените режими во окупираните земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Зборовите “водат” инает како неодредени, а исто така и неразбирливиот јазик на уметникот многу вешто ги искористува веќе традиционалните дефиниции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговата прва изложба, во 1951 година во галеријата Лео-Матис му донесе парични средства, кои тој ги искористи за патување во Тола, на брегот на Карпиското Море.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, не се обидов да ги резимирам нивните идеи, да ги синтетизирам и да ги консолидирам во некаква сума.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму тие најмногу страдаат поради неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, жените треба да смислат како да ги искористат, ако можат, престижноста и општествените придобивки што им ги става на располагање конвенционалната женственост, без да си купуваат угледност по цена на сопственото обезвреднување, на сопствената тривијализација и абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од Жан-Пол Сартр до Сузан Зонтаг, од Естер Њутн до Нил Бартлет, од Д. А. Милер до Ричард Дајер, низа претходни мислители и писатели се мачеле со овие прашања, па се обидов да ги искористам нивните пронигби и да им оддадам признание за дострелите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа воопшто не е некој лесен трик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сметам дека моите напори се надоврзуваат на нивните, а не дека ги одменуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Женственоста, како што ја знаеме, е сексистичка конструкција, а жените се тие врз кои најмногу влијаела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа беше навреда за поновите, поточни и подобри дефиниции за гејството кои геј-мажите ги имаа срочено неодамна, што ги имаа популаризирано и што се трудеа и да ги отелотворат и да ги искористат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Милорад ја научи како до максимум да ги искористи своите наследни предиспозиции.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека го чекаше Ѓорѓе да се јави, тие триесетина секунди ги искористи уште еднаш се преслуша што треба да каже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ивона ги искористи врските на својот татко иако со своите квалитети можеше да помине и без нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој естаблишмент имаше можност да ги искористи моите знаења во едно организирано културно профилирање на јавното мнение.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе дојдат да ги искористуваат нашите природни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Господи, срамно е тоа и да се помисли но мојата Катерина како да посакуваше одвреме-навреме да види како јас ѝ подавам некои големи незаменливи права на златен послужавник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега градот, што ги измери, вкуси и намириса, што ги искористи сите свои моќи освен една, ги подготви за да ја употреби и својата последна способност, моќта на говорот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Локалното население ги преминува за да купи поевтини или подобри продукти или услуги од другата страна; трговците ги искористуваат разликите во цените и даноците; криумчарите внесуваат незаконски стоки и луѓе, а „револуционерите се кријат зад нив, барајќи заштита од другиот суверенитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во преговорите со балканските држави тие знаеле да ги искористат територијалните и националните интереси на одделни држави, со ветувања или со директно реализирање на нивните барања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, Британците ја немале таа "храброст" и се залагале за зачувување на статус кво состојба на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)