ги (зам.) - исплаши (гл.)

Сака да рече Вчера стрико Анѓеле, утре или некогаш другпат некој од нас или сите ние можеме да бидеме убиени ако не престанеме да се бунтуваме, но за да не ги исплаши луѓето ја изменува реченицата, задржувајќи ја притоа смислата: Ако не мислиме да бидеме како досега без црква, без општина и без училиште. Не мислиме, вели Лазор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога се смирија и кога легнаа да спијат, отец Иларион му рече на игуменот: - Можеби од сугестија... Чумата ги исплаши...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не ќе има кој да ги исплаши, чесен збор.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повремено ќе пукнеше приквечер еднаш, двапати, колку да ги исплаши волците, ако се некаде во близина, а и да му се јави на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но дали пукотот од таква далечина може да ги исплаши прегладнетите ѕверови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, како и да е, грмежите ќе ги исплашат ѕверовите. Ќе се витосаат некаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа дојде едно писмо, неколку месеци подоцна, што ги исплаши.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ова молчење повторно ги исплаши.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ги исплашиш Германците со мантијата, дедо, рекол тој Никодим.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воловите ги собраа да им се најдат за јадење, а две човечки глави од отепаните орачи ги навреа на два стапа и ги понесоа како воен трофеј пред Суља за да ги исплашат со нив бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Разбравте!!! - згрме со толку силен глас, што ми се причини дека ќе ги исплаши не само Јово, Јовка, и ќерка им Сандра, комшиите од катот над нас, туку и Велика, Никола и нивните деца Влатко и Елена, кои живеат во мансардата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Евдо, за да не се навреди дека ќе му ги исплаши рибите, ја префрли јадицата на подолниот вир - имаше уште црви, а и некоја тапа што час потонуваше, а час испливуваше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седеа еден спроти друг и се гледаа право в чело, а сонцето ги потпечуваше озгора како на тлеан оган и тие си зборуваа тивко, речиси со шепот, да не ги исплашат рибите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едно време во домот, многумина се посомневаа во неговиот човечки пород, ги исплаши неговиот дух (иако најжестоко се проповедаше против религијата), - некои, сепак, се посомневаа во него, можеби тој беше плод на нечистиот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)