ги (зам.) - испорача (гл.)

Нивните поздрави и писма им ги испорачав на оние до кои беа упатени...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На заминување претседателот цврсто ми ја стегна раката и ме замоли да му ги испорачам срдечните поздрави на претседателот Лазар Мојсов и големата благодарност од тунискиот народ и од него лично за укажаната доверба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дојде и мала делегација од Архивот, заедно со заменик-директорот Псалтир Палигоров кој му ги испорача и поздравите на директорот Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потоа мораше да ги испорачува нејзините чипки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Потоа, постепено, неговата неподносливост се насочи и кон посетителите и намерниците, особено кон посетителите, но не беа исклучок ни намерниците како поштарот и луѓето од комуналните служби кои доаѓаа да му ги испорачаат месечните сметки.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се прашуваше: Зарем не ја трогна содржината на сите оние писма кои ѝ ги испорача Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)