Трчаше по луѓето кога ќе излезеа надвор по работа или да купат нешто во дуќанот на Цветко и урликаше како дивина за да ги касне.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Го изврши тој обид, но уште со роењето на пчелите, се разнесе писок низ селото: се нафрлија пчелите на луѓето, на добитокот, на сè живо што ќе сретнеа, бегаше добитокот, луѓето се затвораа по куќите, ги затвораа вратите и прозорците, ги затинаа дупките и цеповите за да не може да им се протнат внатре; тие што ќе ги каснеа, потечуваа во лицето, во главата, во снагата; врискаа од болки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)