ги (зам.) - колва (гл.)

Ги колваат и ги кинат, им буричкаат со муцките меѓу цревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни ги колваат прстите дури им ги отвораме клунчињата за да им плукнеме в уста. Борба за живот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грачи, клетиот, морници в коски да ти полазат, Како да грачи од врвовите на чесната ноќ на оние чии коски ги колваше по боиштата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Му ги колваат зборовите, ги подголтнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Крвта на загинатите ќе ја испие земјата, оголените коски на малкуте осамени борци по планините ќе ги колваат мршојадци“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гракнежот нивни се слуша од поодамна, уште од пробивањето на фронтот кога луѓето од селото си ги бараа своите загинати по планината, им ги одграбнуваа, не им ги оставаа да ги колваат, ги носеа во селото и ги закопуваа во селските гробишта; отец Серафим пеејќи им молитва им ги споменуваше имињата и велеше: „Бог да ги прости“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)