Таа пак не држеше никаква пизма, дури како добра комшивка почна често да му ги лее стомничките вода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И молчев, молчев, ожалостен и намален божем да имам четири а не пет години.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тоа толку силно ми се врежа во сеќавање, што дури и сега кога ги пишувам овие редови ми се чини дека ги леам истите солзи што ги леев и тогаш.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Момата беше многу убава - но уште поубави беа чувствата, што таа ги лееше низ играта...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А дотогаш ги леев солзите од очите
како што течеше Вардар крај Скопје.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Солзите се бистри на тагата. Еден ги лее, сите се растажуваат.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)