Сулман-aгa го остави вечерта Арифа на гумната ,за секој случај" да варди да не ги менат селаните снопјето, а тој си појде на конакот да се напие некоја и друга ракија, сам, со домаќинот и невестата Јова.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но луѓето од безизлениата улица ги притиснуваа и јадри насреќи, им ги виткаа плеќите и ги менеа брзо и очигледно; така се менат првите пролетни дни под доцнежните и злобни зимски ветришта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)