Па така, додека едни се среќни затоа што, ете, некој се грижи за нив, другите ги мотаат во устата, ги џвакаат, па ги плукаат, и, како по правило, секогаш ги чуваат за доказ на некаков заговор што се кова околу нив и во кој е замешана владата, некој од власта и некој претседател, од актуелните кои владеат овде или од некоја друга земја.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Им ги отвораат утробите, им ги истргуваат цревата и ги мотаат околу рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некаква мирислива мирнотија се чинеше дека го исполнува неговиот свет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таму ги моташе своите цигари од кафеава хартија, читаше од здодевната книжевност достапна на ранчот и си додаваше импровизации на песните од репертоарот кои ги пееше извонредно експертски на гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А вие овдека си ги собирате цревата, велат, си ги мотате на прсти. Еба ви среќата, велат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)