ги (зам.) - нарече (гл.)

Како што современите астрономи глобуларните јата на спиралната галаксија, ги нарекле галаксија сомбреро, бидејки со својата форма тие глобуларни јата се слични на шпанско и латинско- американско сомбреро.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Правите логички пропозиции се тавтологии во оваа смисла, а такви се и пропозициите од чистата математика, иако Витгенштајн претпочита да ги нарекува идентитети.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во екот на омаловажувачкиот напад Баклоу во 1980-та скулптурата на Бојс ја отфрли како дериват, неговите јавни истапи како „прости утописки брборења” а неговите изјави ги нарече криптофашистички, многу од Американските кустоси решија да се држат понастрана од Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пропозицијата може да не се согласува со сите елементарни вистинитосни можности, па во тој случај се јавува контрадикција; ако пропозицијата со сите нив се согласува, тогаш тоа е тавтологија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така кроеја планови двајцата пријатели, зашто веќе можеме да ги наречеме така, но кој да знае што им носеше иднината, и тоа најблиската иднина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој ќе нагласи дека “секој Словенски жител на Грција кој се бори против Грците се именува како комитиаџи т.е. бугарски “комита“, што е многу редок случај, како што многу Грци, вклучувајќи ги и образованите, кои би требало да знаат подобро, ги нарекуваат сите грчки славофони „Бугари што тие не се“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едно утро, Камилски дојде кај Татко со замислата, од набележаните отомански идеи, да ги извлечат оние со негативна конотација, односно, како што ги нарече тој опасните отоманизми.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Експериментите од овој тип Кирхер ги нарекува “experimenta meta- Margina #26-28 [1995] | okno.mk 195 noseon”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Шпанците ги нарекуваат conceptos, Англичаните conceits, Германците фигури на смисла, Sinnfiguren, а Французите (на 17-иот век) и Италијаните concetti. (Поентата е “шилецот” на кончетата.) Кончетите се, или би требало тоа да бидат, магични формули за убавина, коишто се “прават” со помош на ирационални погрешни *Concetto (од латинското concipere) го опфаќа колку подрачјето на интелектот (“поимање”), толку и на фантазијата (склоп помеѓу “набљудува” и “сонува”) Поседува активно зафаќачка и пасивно чувствителна смисла, па дури и во материјалното и физиолошко подрачје: како капацитет на Wenzel Jamnitzer некаков сад или како примање во сексуалниот чин. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 234 заклучоци и со примена на ирегуларни реторички фигури.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Китс поетите ги нарекува камелеони.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Избилдувани мажи и жени - коишто речиси без иронија ги нарекуваат beefcakes (говедски колачи) - добиваат аплауз од околината. Браво тело!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не беше ни најмалку случајно што тие разгледници ги нарече Randeyvous du dimanche или неделни состаноци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога веќе ова требаше да го примам како факт, се интересирав кај моите посетители што прават тие, како што вујко ми Герман ги нарече, црни луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Те прашав: „Зошто велиш дека се лепливи?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги имам играно повеќепати! Затоа се обидов да дообјаснам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега сфаќам зошто еднаш, многу одамна, грдите моменти од животот ти ги нарече лепливи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440 Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како компаративна студија за Црнците, Евреите, лезбејките, геј-мажите, логорашите во концентрационите логори, за децата и за другите штитеници на „тоталните институции“, таа беше ран класик на лезбејските/геј-/квир-студии, а и денес вреди да се чита.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приказот на Адам за општествената доминација и за нејзините последици и натаму има голема објаснителна моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако Џоан Крафорд или другите женствени ликови со кои се идентификувале геј-мажите не се навистина жени, ако цело време биле некакви преправени верзии на геј-мажите, тогаш човек не би можел разложно да ги нарекува со зборот идентификации односите на геј-мажите кон нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, дури и кога изгледа дека бродвејскиот мјузикл ги третира оние што Милер ги нарекува „други“ (односно негеј-) теми, успева да излезе погеј од сите стабилни, фиксни претстави на геј-мажите или на геј-идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет. ‌Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите. ‌Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нѐ сместија во бараки. На големците им дадоа броеви и по тие броеви редиците бараки ги нарекоа гратчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие куќи што го примаа бугарскиот поп, ги нарекоа бугаромани, а другите гркомани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислам на тие кои станаа Југословени, ама за да има разлика, се нарекоа или ги нарекоа – Егејци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И новите поколенија кои се родија и израснаа тука само со телото се присутни тука, но со душата, срцето и мислите се таму, на дедовите и прадедовите места крај бреговите на Црното Море кои и официјална Грција ги нарекува “χαμενες πατρηδες” 11, а спомените и адетите љубоморно ги чуваат и ги пренесуваат од колено на колено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А поклоници најмногу му беа и тие, кои ги нарече агенти и шпиони; тие го слушаа без поговор, тие го славеа и го ширеа меѓу нас неговото име и вербата во неговата непогрешлива ѕвезда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам зошто му е нему потребно да нема дистанца, ама нам ни е пријатно – кога некој од нас му е лут може и да му се развика, да го навредува, а доктор Гете не нѐ казнува за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Доктор Гете вели дека, ако лудилото го нарекува психоза, ако нас лудите нѐ нарекува пациенти, ако лудницава ја нарекува психијатриска клиника, ако нашите лудости и глупости ги нарекува симптоми, тогаш ќе се создаде дистанца меѓу него и нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само некои од нив се среќавале: во огромните трпезарии, во Големата сала во која доктор Гете држел предавања, во паркот кога шетале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и во сите лудници (а доктор Гете избегнуваше да биде подведен од модата во медицината, и лудниците да ги нарекува психијатриски клиники) класификацијата беше првото начело во Гнездо – беа одвоени мажите од жените, потоа имало оддел за мирни, друг за немоќни на кои им требало постојана нега, трет за манични кои биле врзани, или, ако не биле толку опасни, под постојан надзор, и во четвртиот оддел – сенилни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таквите јас одамна ги нареков „бездарни пакосници“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Над тревата како да поминал оган - потемнувала и полегнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По самото стемнување, додека за преостанатите покладари, како што еднаш ги нарекле во селото терачите на двоколки, времето било изгубено, кога тие биле повеќе мртви отколку оние зад нив покрај патот, двата реда сенки се сретнале недалеку од запуштени ако не и напуштени гробишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се обидувај да ги наречеш „недоразбирања“ очигледните недостатоци на образование, ниту да го оправдаш со „личен стил“ отсуството на минимална суптилност.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Квргавите орнаменти ги нарекуваат: “најновиот чуден начин” на Кристоф Јамницер, а таква е сосема разуларената орнаментика на Флиндт и неговите другари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овие три “манири” на прикриеното очитување на длабочините на божественото Старите Грци би ги нарекле “метафорички”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разуларената склоност кон фабулирање кое сега веќе не е ни логично ни метафорично, а за симболика и да не зборуваме, токму на северот на Европа води кон едно лудо храбро фантазирање, па и во круговите на граверите, столарите, златарите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Највисоките и најодалечени нешта ни се укажуваат низ велови и сенки, “chiaro-scuro” и тоа во една трикратна maniera од симболи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Професор Алекс потсети дека Сахара токму и само заради својата големина е многу поголема од останатите пустини кои исто така се наоѓаат во суптропскиот појас, значи заради оддалеченоста на главниот дел од нејзината површина од морето, заради што облаците, кои ги нарече здив на океанот, и реките кои ги спореди со папочни врвки, брзо умираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Третата група ќе ги наречам турбо фолкери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа не беше причина подоцна најсилно да ги замразам, да ги наречам разбојници, најголеми лажговци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Единствените сигурности што ги имаме тој ги нарекува „позициони”, а тие се изведени од сложената мрежа на локални и можни услови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За таа избегана и поробена, во смрт терана иднина на земјата старците-појци од своите расни позиции заедно со „опозицијата” молчат или ги нарекуваат (избеганите и поробените), тогаш кога ќе се удостојат да се сетат на нив, „дефетисти” и „мртво море”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Завршувајќи ги последните две години во RISD, Frere-Jones го поделил времето на работењето во Бостон, во Фонт Бирото, каде се нафатил на задача целосно да го развие фонтот на водечкиот дизајнер на фирмата Nevill Brody (фонтот бил наречен Harlem и Tokio) и вториот дел, „работење на тези”, серија експериментални фонтови или како ги нарекува тој „возови на мислата, на кои работев неколку години”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се народи на „антиквитетот”, како што ги нарекува Ортега и Гасет, неспособни да се издигнат до СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕ ЗА СВОЕТО МИНАТО, робувајќи им на националните клишеа, кобно склони својот живот да му го потчинат на апсолутниот авторитет и на неговата „гаранција” за една апсолутна „извесност” на животот (во верата, во нацијата, во волјата на еден водач како израз на самоволие на сопствената неслободна биологија).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Студентот по архитектура Маџи ги нарече бели кралици и Лилица и Азра беа горди на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да ги нарече со нивното вистинско име?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува: – Таков ви бил касметот; браќа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Гласот беше толку писклив што сите се обрнаа назад да видат кое е тој што се осмели на сретсело да ги нарече чорбаџиите глодачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Знам, соседе, но според анкетите таа ужива голема популарност во одредени... како би ги нарекол... социјални милјеа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Многумина им се радуваа. Или мене така ми се причинуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Па каде одиш?“ „Со милијарди километри. Патувачки гробишта, така ги нарекуваат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нели беше одличен?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Дечишата, велиш, а пред малку им се восхитуваше и сакаше да ги вратиш на линијата, па и идиоти ги нарече...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ни испраќаат некои немирни бранови дури и во соништата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Се согласувам со тебе. Има такви, како што ти ги нарече -подбуцнувачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одредени делови од книгата, коишто некои ги нарекуваат порно­графски, пишувани се како трактат против смртната казна, слично на Скромниот предлог на Џонатан Сфивт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, оваа проценка е само претпоставка, бидејќи државите го задржуваат ексклузивното право да доделуваат и признаваат државјанство, и затоа што многу влади не сакаат да се категоризираат одредени групи на луѓе како формално без државјанство, туку наместо тоа едноставно ги нарекуваат како „странци“ па дури и како „не-граѓани“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тешко дека овие музи со очила како што некогаш (одамна) ги нарекол луцидниот Ролан Барт (Roland Barthes), би можеле да се споредуваат со вистинските писатели оние што ја пишуваат таканаречената убава литература (belles-lettres).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Малкумина, ете, знаат дека и Твојата прва авторска фаза, којашто јас милувам да ја именувам како професорска, суверено ја одбележуваат неколкуте сјајни книги, не само исклучително компетентни, но и мошне искрени, суптилни, на мигови дури и трогателни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можам да се обложам дека никој нема да се повика на капиталните семиолошки студии на Еко (Отворено дело, Шесте прошетки низ наративната шума...) или на неговата откачена фељтонистика (Diario minimo, на пример...), туку сите најпрвин ќе с закачат за Името на розата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека сите заедно не ги отвориме очите, никој ништо нема да види и никому не ќе му се признае дека гледа. (Поаѓа кон Евто) А тие што ќе наѕираат во мракот ќе ги наречат слепци и ќе им ги истераат очите од глава.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Читајќи го неговиот говор, јас за миг се исплашив дека големиот британски конзервативец отишол премногу лево од мене... “.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Замерувајќи им на американските новинари што речиси сите "Титовите партизани ги нарекуваат комунисти", Луис Адамиќ ќе истакне: "Значи ли дека и Черчил е комунист, зашто на роденденот на Вашингтон, т.е. пред една недела, се изразуваше за Тито многу воодушевено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби ако ги правите оние чисти, еднобојни платна - како ги нарекуваат - “монохроми”?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но само сликање со четка, тоа не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За Дерида секогаш ќе постојат размаци, одложувања, текстуалноста не како однос помеѓу авторитативниот текст и неговите коментари во фрагменти, туку секогаш веќе фрагменти, грами и диференции, како што тој ги нарекува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес може да се појави во две одломки што ја опкружуваат Џојсовата одломка, но тоа се две различни траги, од кои не би можеле да го изградиме, или реконструираме, хипостазираниот БОРХЕС, кој би можел да ни даде објаснување за текстот на Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа определба на толеранцијата ни разјаснува зошто Французите и Италијанците јавните куќи ги нарекуваат “куќи на толеранцијата” (maison de tolѐrance, casa di tolerance): во овие куќи не се прави ништо добро, добро е само тоа што јавното иживување на приватните изопачености е ограничено само на одредени “јавни” куќи - ниту словенечкиот/македонскиот израз не е неутрален.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така поседувањето на вистината за доброто брзо може да се преобрази во нетолерантно држење, затоа што кон нетолерантност се движи веќе самото поседување на вистината за она што се смета морално неутрално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеме да ги наречеме „Биверси“ - деца од генерацијата „Тато знае најдобро“, чии родители беа она што понекогаш се нарекуваше „конформисти“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дел од културата на научната расправа е да ги допушта ставовите на другиот, но само како привремен компромис, чекор на патот до дефинитивното расчистување, кога вистината ќе расчисти со заблудата и конечно ќе ја определи, независната од секој субјективен поглед и вреднување, “објективна вистина”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие беа среќни. Но не беа кул.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така дедо ми Баџак на шега ги нарекува другарите на татко ми со нивните сопруги.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да ги наречеме бугарски, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, добро, ќе ги наречеме јужнословенски танци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, во нив Саше ужива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему му е важно да се најаде, да се напие и да си се занимава со негови работи што му прават задоволство, а тоа се ѕвездите на народната музика, ама не на оние здодевни стари македонски песни, туку на неговите, што ги нарекуваат турбофолк музика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да ми кажеше пак некој дека мали деца, како мене и помали од мене, седат пред тие дрвени справишта што Игбал ги нарече разбои и чепкаат со прстињата по цел ден, не ќе можев да поверувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)