Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Стариот дедо Иван ги насади компирите во почетокот на март, начесто, како што го научи Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Потем и двајцата ги насадија во празни кутии од конзерви, ги навадија и внимателно ги подредија.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)