Една ноќ ги товаривме во вагони и ги испративме во Булкес. Таму ги населивме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секој одделно во модар простор ги населува сите свои ѕвезди и чека на она време кога на гранките место пупки ќе расцутат - птици.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тешка тага му ги насели срцето и душата. Тажно и папсано си ги прибра дреите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ушите ми ги населуваат гласови и звуци кои досега не сум ги чул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што да прави сега со децата? Што ќе прави ако нешто му се случи, заглавена помеѓу овој град што ѝ стана туѓ, веќе снемилен дом и оваа војна што сите, па и неа ги насели во еден масовен кошмар?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се обидува да не размислува за него во минато време.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Еден значаен крак, прифатен од султанот Бајазит II, ги населува приморските градови на Отоманската Империја Цариград, Измир и во најголем број Солун.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во овој прекрасен пролетен амбиент обрабен со толку расцутени црвени рози се чини необмислено секое објаснување за потребата покорно да се исчекува неминовноста, што толку грдо нè притиска и ги празни просторите на надежта, или поточно, ги населува со поспаните ѕверки на меланхолијата, на отуѓеноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Донесе некаде од јужните страни две ластовички и ги насели под нашата стреа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Идиотска измислица!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Стариците, штом останаа сами со Остап, без раководството, веднаш почнаа да изјавуваат претензии: - Браќата во домот си ги насели.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Паметно дизајнирани, тие би биле многу тешки, ако не и теориски невозможни за откривање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Една спекулација е дека таквите вирозни хумани форми можеби веќе ги населуваат нашите компјутерски системи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)