Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По оваа фасцинантна глетка на вселената сосе ѕвездите, метеорите и Млечниот пат, ги наѕрев трите загрижени фаци на Апчо, Клапчо и Шљапчо Буковски.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)