Ги обожавам американските ТВ-реклами. Американските ТВ-реклами се дајџестирана, совршено дизајнирана идеологија на американското секојдневие.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Точно е дека малку сум пристрасна во работата, зошто ја сакам, го сакам тој бренд и неговите производи ги обожавам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Томаица ги обожаваше холивудските филмови, го сакаше Крозби, Фред Астер...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Знаевме некои такви. Двајца или тројца. Ги обожававме!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Какви расудувања се кријат зад ваквите зборови?
А пријателот што, кога ќе сфати дека одлично шизиш или готвиш, дека ги обожаваш Шер или Мадона, Бјонсе или Бјорк, Витни Хјустон или Кајли Миног, Кристина Агилера или Мараја Кери, Тори Амос или Гвен Стефани (за Леди Гага ни збор), дека ти е слабост модерната од средината на векот, дека ни во бунило не би се облекол само комотно или дека возиш фолксваген голфче или мини купер кабриолетче или понтијак ге-шестка, ќе ти рече: „Еј, па ти стварно си бил геј, човече!“15
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бреза обично таквите работи ги обожава, но тогаш се заинати и рече: - Не сакам да ти помогнам!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој внимателно ги сортираше, ги означуваше по години, и одеше до таму што еден цртеж му испрати на Кандински 1935. година, а два на големиот колекционар на модерната уметност Албер Гелетин (Albert Galla- tin) 1938. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Хуан Миро ги обожаваше и многу педантно ги собираше имагинатив ните и често драматични цртежи на својата ќерка Долорес, родена 1930. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Виктор, кога најмалку очекував, доверливо ме погледна: - Ги обожавам белооблечените. А снегот го мразам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)