А оти ќе испукаат со првото обување од невестата, тоа и мариовците го знаат, но главно, кога ќе ги обуе тие се убави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како што се израдува Нешка со првната китка, така се израдува и Крле со калците. Mope, ги гали, ги мазни, ги притиска на градите, по образите, ги избакна секој по десетина пати и ги проба да ги обуе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа утро Никола стана рано... Си ги обу сините потури7), ги навре чевлите, го облече црвениот со срма опточен елек и ѝ викна на Султана: - Султано!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога попладнето отидов кај Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, стрико Мијо го најдов како ги обува опинците и со ремичките на крст ги врзува и стега белите објала до под колениците.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука, на скалите, ги обув и со нив прошетав по белиот теписон во дневната соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се оттргнува од таквите мисли и продолжува со фантазијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Трајче ги обу шиените штавени жолти опинци, се поздрави со чичко Талета, го јавна коњчето и тргна...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А згора на сето тоа си ги обула тие скапоцености за до кај мене.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)