ги (зам.) - одбегне (гл.)

Меѓутоа, понекогаш животот како свесно да ги одбегнува полесните патишта и создава испреплеткани случки, можеби за поука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога размислуваше брзо можеше да ги одбегне неговите удари: О'Брајан ја повлекуваше рачката главно кога тој ќе покажеше глупавост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Возејќи кон Драчево, Авни се обидуваше да ги одбегнува дупките на патот исполнети со вода од дождот што наврна попладнето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За да ги одбегне стапиците поставени од надлежните органи, четата тргнала пеш од Софија, преку Витоша и радомирските села кон границата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А нешто внатрешно го тера да не може да ги одбегне и заборави. Тоа е некакво тескобно чувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури, во една пригода, нејзиниот татко изјави за „Премиер”: „Нема да дозволам мојата ќерка да ја опкружуваат фоторепортери и новинари, а да биде далеку од својот дом.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првата, за да го заврши школувањето, а втората за да ги одбегне сите оние фрустрации што ги доживуваат познатите личности.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето со такви претерани, нереални, опасни желби мнозина ги одбегнуваат, ги нејќат за другари, за пријатели, за соседи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)