Кој ќе ги одгатне знаците на нивните нозе и крилја што говорат за уште една спирка на нивните талкања дални од сонцето кон сонцето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Што е смислата на тоа накнадно испитување? Дали Вие сакате да ги разберете “текстовите”, формално да ги одгатнете, или деконструкцијата содржи и критичка намера, која можеби цели кон пронаоѓање на некоја друга, нова рационалност? 58 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)