Налик на кинематографски Џенифер Бартлет (Jenifer Bartlett), Гринавеј поставува секоја можна варијација на темата вода, од најлитерарна до најапстрактна, за да создаде кумулативен ефект. (...) Иако ниту една не е експлицитно прикажана, Гринавејовата реинтерпретација на “Бура” содржи три суштински нови идеи. (Сите се објаснети во придружната книга, исто така насловена “Книгите на Просперо”, којашто се смета за иконографски толкувач на филмот.) Првата е да се прикаже Просперо како еден вид драмски писател со натприродни способности, којшто симултано ги пишува дијалозите, ги одигрува сопствените делови и деловите на другите и ја произведува акцијата во филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Имаше уште нешто занимливо во Гламоур, Глиттер анд Голд - мислам покрај тоа што го напиша Џеки и тоа што Кенди играше во него - сите десет машки улоги ги одигра Роберт де Ниро - беше тоа негово деби.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Многу години подоцна, бидејќи Ниро стана доста познат, Џеки ми раскажа како тој заиграл во неговата претстава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
“Дојде во станот на управникот на театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Морден имплицира дека Крафорд во Милдред Пирс толку моќно ги одиграла гламурозната и абјектната женственост, толку напнато, толку совршено, а во исто време и толку екстравагантно театрално, што нема дрег-кралица што може да ѝ се опре и да ѝ се рамни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во своите најзапрепастувачки пројави тој ги исмева општествените нееднаквости така што ги одигрува до бесмислени граници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму таков ироничен однос кон машката власт, имплицирал Хегел, бил подлога на Антигониниот отпор кон законот и ѝ овозможил да си го оправда, без потреба да се повикува на никакво поопшто начело, пркосот кон државата.
Џуди Гарланд не е Антигона.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да бил Хегел ноќта на закопот на Џуди Гарланд оној петок, на 27 јуни во 1969 година, меѓу кралиците што се насобрале пред гостилницата Стоунвол кога онаму полицијата правела рација, можеби ќе пеел друга песна – под претпоставка, се разбира, дека воопшто знаел да пее.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби барем ќе сфател дека политиката на иронија не се ограничува само на жените, односно на биолошките жени, и дека неа не ја отелотворува најдобро трагедијата, туку токму дисидентските односи на публиката на мелодрамата, конкретно односите на геј-машката публика кон женската мелодрама, а со тоа и настраната, инклузивна, благонаклонета идентификација на машката геј-култура со неа.328
Во секој случај, ако некаква иронична позиција е она што им е на геј-мажите заедничко со жените и ако ироничното идентификување со жените е она што ни овозможува да извлечеме поуки за политичкиот пркос од гламурозната изведба со која Џоан Крафорд ги одигрува мајчинските мачеништво и абјектност, тогаш можеби тие наши женски идентификувања се идентификувања што не само што не треба да се обидуваме да ги скриеме в плакар туку треба и ревносно да си ги прогласиме за свои – да ги сфатиме, да ги цениме и да ги негуваме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ДЕЛ ПЕТТИ
Kоли за пички
15 ГЕЈ-ЖЕНСТВЕНОСТ
Објаснувањето за конкретните облици што ги добила културната практика на машката хомосексуалност во поновите англоамерикански општества би било навидум очигледно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе најдете ли вистински луѓе за да ги одиграат сопствените улоги? DD ЕВ: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)