ги (зам.) - повреди (гл.)

Не толку за неговата талентираност и снаодливост, колку за невидливата дарба: да се пробие низ збиените камења околу него, како кревка млада трева, внимавајќи нив да не ги повреди.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Многу пати си ги повредивме чувствата со вистината и тоа болеше, но несакавме да живееме на површината од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имено, откако Ристески и останатите работници, по претходна пријава од нивните раководители дека ги повредиле одредбите од Законот за јавни претпријатија (1996), од Законот за Македонски железници (1998 – денес вон сила) како lex specialis и од Колективниот договор за ЈП МЖ, беа отстранети од работните места, односно им беа поделени откази – пред управниот одбор на МЖ течеше постапка по нивните благовремени приговори, по што ним им беа потврдени решенијата за отказ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот настана во 2005 година, при трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ во две нови претпријатија: АД „МЖ Транспорт“ (во државна сопственост, со намера за идна приватизација или концесија) и ЈП „МЖ Инфраструктура“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега сфатив зошто мажите најчесто уживаат да ги повредуваат жените и да ги оставаат со скршени срца.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)