Се разбира, ќе се соочи со низа проблеми, но првиот примарен проблем му беше: каква форма да им даде на многу зборови кои требаше да ги позајми од латинскиот, старогрчкиот и германскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ме одвлечка во еден ќош со типот од кој ги позајмивме очилата и Тигрестата опаковка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Изложбата во Палацо Граси не ќе беше можна без потполната соработка на мадам Дишан, која се заинтересира и во последен момент издејствува позајмици на некои од најважните експонати на оваа изложба.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа исто така љубезно ги позајми делата од својата лична колекција, почнувајќи со трите коњчиња-играчки што Дишан ги изработил од сечени картони и ги исликал уште како дете.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мечев и Шатев тргнале во поштата, меѓутоа, Мечето, кој бил прочуен меѓу своите другари со своето домаќинско однесување и штедење, кој десетпати броел а еднаш давал, сметајќи дека во случајов сепак би можел да згреши со тоа што парите ќе му ги позајми на Сарафов, два три пати влегувал и излегувал во поштата под разни изговори, но главно за “да размисли“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На ова место се затвора како концептуалниот круг на односите на новата британска уметност и поп-културата така и кругот на пазарната логика во којашто таа се наоѓа. 186 okno.mk Оваа пазарна логика (која кај нас нема шанси да постои уште долго време), истовремено е инспирација и природно живеалиште на праксата за која што стана збор.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Важно е да се каже дека поголемиот дел од претставените дела се наоѓаат во колекцијата на Чарлс Сачи, рекламниот магнат кој и самиот ја збогати комерцијалната поп-иконографија во своите реклами.15 Уметноста од рекламата ги позајми моќта за комуникација и манипулација, но и увидот во организацијата на економскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најдостапни, секако - од Горки. Достоевски, Толстој, Шолохов и понатаму можев да ги допирам само во старинарницата или ако ги позајмев од градската библиотека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
По два дена некој ми ги позајми и цокулите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако не си ги причуваш, ќе си ги позајми некој...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Или, поточно се понадевав дека на некој чуден начин ги користам зборовите за кои верував дека Јана беше спремна да ми ги позајми за да му ги упатам место неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)