Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мајките уште од раното ќе ги постелеа рогузините, ќе ги навечераа децата и ќе ги полегнеа еднододруго, а тие, дечиштата, до грло покриени со ложниците, до долго во ноќта не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)