ги (зам.) - помири (гл.)

Тој беше, повеќе утописки, а за некои дури и наивно, уверен во постоењето на некаков последен ментален мост кој ги поврзува двете страни, со цел да ги помири разликите помеѓу нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Напротив, AI нуди флексибилна рамка, со брзо зголемување на можностите и делокругот, за нашите обиди да ги помириме стриктно биолошкиот поглед на луѓето со психолошкото ниво на дескрипција; поточно, со концептите на лично искуство, вербата, значењето, намерата, предвидувањето и, конечно, одговорноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Општи со чистите поими, ги спротивставува еден на друг, ги помирува противречностите во нив, се разбира доколку може, стегајќи се при тоа да стапи во контакт со фактите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тие височини тој се чувствува сигурен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа не ги одразуваше нашите животи и не ни помагаше да се справиме со предизвиците што ни се испречуваа, како излезени, горди, млади, мажествени, сексуално активни геј-мажи, кои се трудевме да си го најдеме местото во хомофобичното општество и се боревме да си ги помириме сексуалните животи со потребите од љубов, верност и пријателство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но Татко умееше да го совлада нивниот егзил, да ги смири, да ги помири во библиотеката, во среќниот дом на нивното откриено враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде луѓето успеваа полесно да ги помират разликите, да си ги смират страстите, да го најдат патот на братимењето, да почитуваат добрини на исти светилишта, во манастири, во џамии и во цркви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нудиме засолниште на видовите, без да ни успее да ги помириме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)