Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Димитар е рапер. Фотографијата на баба му ја носи во паричникот и така секогаш му е полн и кога ќе ги потроши парите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Веќе го планира животот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Всушност, постојано стигнуваше една иста панична порака - Ерик на секои неколку часови телефонираше од Лондон и ни велеше дека ги потрошил сите пари и дека нема со што да го плати хотелот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во Рим, во нашиот хотел постојано стигнуваа пораки.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го расипав здравјето, му ги потрошив парите на татко ми…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Заклучивме дека им е тешко на пријателте: оние, вистинските, сè помалку ги има, сè повеќе раздаваат од пријателствата на дузини нови пријатели, соочувајќи се со опасноста еден ден и без да сетат да си ги потрошат сите резерви пријателства.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некогашните геј- гета, откако од скромни, етнички или работнички маала се претворија во отмени урбани енклави, привлекуваа луѓе со сериозна пара на кои не им пречеше сѐ помалото присуство на геј- луѓето и кои можеа да си ги дозволат вртоглаво поскапуваните станарини – или кои можеа да ги потрошат значителните износи што беа потребни сега за да се купи станбен имот.447
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што растеа цените, празните места што ги остави сидата не се пополнуваа со нови бранови геј-доселеници од работничката класа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без значајни геј-населенија концентрирани во маала, погонската основа на геј-движењето во конкретните општини значително ослабе.449 Економската основа на геј-медиумите исто така многу се намали: од град до град, локалните геј-весници пропаѓаа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво.
Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На присутните, изнесувајќи им елементи од биографијата кои во бившиот систем го дефинираат како субверзивна личност (поради што и бил санкциониран), изнесе став што во моја слободна интерпретација, би гласел: Кога човекот ќе се најде во безизлезна ситуација или кога ќе ги потроши сите средства што можат да го извлечат од лошото, тој изрекува пцости на секого и на секаде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А ние парите ги потрошивме на првите две Маргини годинава.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Секако Бојана. Имај предвид дека парите кои родителите пред матура ми ги дадоа за плесна школа ги потрошив на Гардист и на цигари!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Недостигот на цигари, кој привремено беше решен уште во првите денови преку една од болничарките која скришум ги продаваше според цената на златото, повторно почна да ја мачи кога ги потроши малкуте пари што ги имаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Многу од затвореничките остануваа будни цела ноќ, исто како и Марија, но не се осудуваа на ништо, бидејќи ноќната болничарка ја чуваше главната порта заклучена со синџири и катинар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко ја погледна кутијата со лупи и не можеше да разбере што се случило во Париз, макар што претпоставуваше дека Камилски ги потрошил парите за операцијата за купените три сандаци книги, а со лупите од различен, прогресивно посилен диоптер, мислел да ги чита книгите, како што ќе му се намалува видот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сандаците со донесените книги на Камилски јасно покажуваа дека тој за нив ги потрошил предвидените пари за операција, колку и да се обидуваше со својот променет и забрзан од, со темните очила, во моментот да ја прикрие вистината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во мигот му беше јасно. Камилски ги потрошил сите пари за овие книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Коњите некако ги наместија – кадијата му даде на Сефедина неколку илјади аспри за патен трошок – храна за луѓето и коњите, но мораше сите пари да ги потроши за да купи коњи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потем за пеперутките, за кои ни ги потроши сите шпенагли, за сунѓериштето од Езерото, кое ти било старо милион години. Трици, можело да биде толку старо! Ќе ми правеле музеј од сето тоа!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пијаниците се без скршен денар и се јавуваа сѐ додека не си ги потрошија кредитите.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тоа беа пари за кои му беше жал да ги потроши, но сепак ги даде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да беше ги потрошил сите зборови додека го кревавме народот на револуција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можев со тие пари што ги потрошив за прстенот сто ластичиња за коса да си купам, или шнолички, па дури и прстен и бразлетна во комплет за мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама, јас решив да штедам, два дена пропуштив и сладолед да си купам, оти ми беа избројани до денар парите што ги добив за џепарлак, само и само да можам да го купам прстенот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)