Наближуваше денот на покерот. По обичај, некој од нас, децата, требаше да ги потсети уште еднаше Татковите пријатели за денот на играта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сакам за ова да ги потсетам тие што веќе ја знаат, а тие што не знаат треба да дознаат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога пак ќе се разединат, се враќа да ги потсети на она што вистински се.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така можеме до недоглед, но, намерата со изнесените примери ми е да ги потсетам театарџиите како треба да ги градат, то ест кому треба да ги наменуваат своите уметнички креации.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
По сè изгледа Коста решил да почека и тогаш, кога сите помислиле дека акцијата е извршена и дека атентаторите се ликвидирани, да се јави тој и со својата бомба и со својата смрт да предизвика нова вознемиреност и да ги потсети сите дека тие уште не се уништени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оџата пак ги потсети присутните, доколку сакаат некое време да поседат крај мртовецот, никако да не му седат кај нозете.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И нив не можеше да ги дохрани; квичеа, лаеја, завиваа, гризеа на штиците од котарите, гребеа со нозете; нивното квичење ги потсети луѓето на некогашната Кучешка касарна, ги потсети на грозната смрт на Дуке, син му од кафеџијата Јандро, и една ноќ му ставија динамит во дворот и му ги кренаа во воздух котарите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не е чудо што не предизвика идентичен одговор од машките геј-гледачи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова, од своја страна, ги сменило природата, методите и целите на културното зајмување, присвојување и пренаменување.
Кога Тод Хејнс, некогашниот архитект на „новата квир-кинематографија“ од почетокот на 1990-тите, направи римејк на Милдред Пирс за ХБО во 2011 година, неговата бавноритмична, шестчасовна, релативно верна адаптација на романот од Џејмс М.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А нестабилните интеракции меѓу машката геј-култура и нејзиниот хетеронормативен контекст постојано еволуирале.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кејн никако не пропушташе можност да ги потсети гледачите, преку богатиот општествен реализам и упорното инсистирање на деталите од тој период, колку се далеку од светот и од времето на семејната драма што ги прикажал Кејн.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Доце Срменков (а и другите каменоломци) секако сакал да знае зошто им се толку воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во центарот на кафеаната имаше фонтана што без прекин шумолеше, а имаше за цел да ги потсети посетителите дека времето бргу минува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Времињата си минуваа, развојот нас сѐ повеќе нѐ оддалечуваше од нашите прапредци, но заедничкиот сон остануваше, никако луѓето да се ослободат засекогаш од него и кога најмалку очекуваат, заедничкиот сон ќе ги потсети луѓето на нивните блиски...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сакав, во тие мигови, да ги потсетам сите синови на кои им се живи мајките, да не го губат времето, додека не биде предоцна, како што беше сега за мене, да останат достојни за мајчината љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)