А долу тече Бистрица и мие, трие, глади, превртува и исфрла на брегот камчиња, а кога вода прибира сал малку повеќе, тогаш ги прибира во себе и одново ги прегрнува, ги мие, ги мазни и ги превртува, та превртува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се сеќавам, исто така, дека Земанек брзо се врати, дека ги прегрнав и двајцата, дека ги бакнав во образите и им реков: „Благодарам“. Тие гледаа во мене стрештено.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Или сакаш да им ја фрлам в раце на измеќарине како шејтанов курбан.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жената се обиде да му ги прегрне колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Но, тато, - се побунив, - како е можно родителите да не си ги сакаат своите деца, како може да не живеат со нив, да не ги прегрнуваат, да не си разговараат меѓу себе, да не...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ги прегрнав и силно ги избакнав двете, тие за мене најсакани суштества на светот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој ги прегрна, ги избаци и тргна... Тргна и веќе не се врати...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Мајка ова го протолкува како чудесен синовски гест и силно ги прегрна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)