ги (зам.) - прекрати (гл.)

Со cut-up методата Burroughs се обидува со романот Naked Lunch да ги прекрати тие манипулаторски тенденции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Браќата, остарени и снеможени, речиси пред умирачка, решиле еден ден да ги прекратат тие непријателства и расправии.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И решил наеднаш да расчисти со сè - да ги прекрати маките.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред ова заканување, и властите и башибозукот решиле да ги прекратат злосторствата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој приод користи нов или проширен говор, преку неговата поврзаност со состојбите на телото, ги прекратува физичките страдања на пациентот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)