ги (зам.) - прекрши (гл.)

Општењето со проститутки беше забрането, се разбира, но тоа беше едно од оние правила што човек може повремено да си дозволи да ги прекрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај ова, прекршочните одредби се дополнети со нов член 19-б каде се предвидува казна од 1000 евра во денарска противвредност за работодавачот кој ќе ги прекрши другите одредби од овој Закон. 81 Во новиот дополнителен чл. 19-в се пропишуваат надлежностите на инспекторатот за труд, кога постои прекршување на работничките права од горенаведените членови 3-б, 3-г и 3-д.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
По истекот на овој период, дозволата ќе се обнови до една година без проверка на условите согласно овој закон, ако ниту работодавачот ниту странецот не ги прекршиле одредбите на овој закон во тој период.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа е критика на корпорациите воопшто, а од друга страна изложба на виртуелни тела што можеме да ги избришеме само со еден потег ако ги прекршат правилата или ако самите пак посакаме ново тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку. ‌Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да ги ожнее тие приноси, забележува Естер Њутн, „прикриениот хомосексуалец мора, всушност, да изигрува маж, односно, мора на „стрејт“-светот да му изгледа како да ги исполнува (или да не ги прекршува) сите задолжителности на машката улога онака како што се дефинирани од ‘стрејт’-светот“217А ако сака таа глума да му појде од рака, еден геј-маж најпрвин ќе мора самиот да се фати за сопствена ригорозна антрополошка теренска работа: ќе мора многу да внимава како се однесуваат припадниците на неговото сопствено општество.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Директорот, или некое друго одговорно лице кај работодавецот, ако ги прекрши одредбите од овој закон, ќе биде казнет со глоба од 1.000 до 1.500 евра, што претставува зголемување во однос на претходните суми од околу 600 до 800 евра, а глобата за одговорното лице во Агенцијата за вработување е утврдена на 500 евра, што претставува намалување во однос на претходниот опсег од околу 600 до 800 евра.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)