- И веднаш потоа ми ги даде очилата, кои кој знае и кога кој лекар ѝ ги препишал, па беа останале само на едно врвче.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да посакаш да бидеш болен и на рецепт да ти ги препишат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По број беа вкупно седум, сите запишани по упокојувањето на жена му, но авторот сепак се одлучи да ги препише во својот бележник само следните два: Првиот: Жена ми Мара почина на 18 јануари 1982 година.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со словата и сочиненијата работите стојат така: штом ги препишеш, им ја губиш душата и душа поинаква тие добиваат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Излишно писмо до Бога Им благодарам о, Боже, на птиците кои со својот лет ги препишуваат моите соништа врз небото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)