Ние лесно ги препознавме истите хартии од последниот попис на семејството, па тоа брзо нѐ смири.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас ги препознав. Пази да не наседнеш!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Треба да му се врати одговор, - рече Даме, зеде една книга од полицата, едно шише со безбојна течност, перо и почна да пишува одговор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И не би било следење на правило, кое го исклучува акциденталното, непредвидено, „на слепо”, или варијабилно усогласување, туку треба да се состои во определено почитување на она за што правилото вели дека е конститутивно за придржувањето кон него.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Најнапред постапив како што треба: се наведнав над нив и се прашував: што сега добога; па сепак, пред да ги препознаам, ја повлеков раката стресувајќи се.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ами кај крше глава сега овде бре, шо ќе направе, бре, ќе го изгоре селото, в реката да појде да не се врате!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Теоријата била дотогаш оној поглед со којшто можеле да ги препознаат непроменливите облици.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Мене нема сигурно затоа што многу добро ги препознавам.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Богатството најчесто е стекнато преку шиткање нива или куќа у западна Македонија или како наследство од своите лоповски родители, а воедно нив ќе ги препознаете и како најголеми патриоти во кафана удирајќи се во гради , а на дело речиси никаде ги нема.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ги забележа, убаво ги препозна галебите кои доаѓаа од јужното море.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со трпение, добар вид и со она Леонардовско чувство за “флеки” и “облаци”, некои од Шоновите современици во сликата можеле да ги препознаат четирите најпознати поглавари на цркви и држави од тоа време: Карло V, Фердинанд I, Павле III, Фрањо И.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Веќе пред мене, некои други автори ги препознаа алхемиските содржини, поврзувајќи ги со авторовото несвесно, повеќе или помалку по примерот на Јунг, кој, како што е познато, ги разоткриваше сличните содржини во соништата на своите пациенти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ги слушаше звуците, што доаѓаа од подот и од ѕидовите и во нив ги препозна познатите стапки од движењето на Кети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така и Луција: таа беше таен и непознат запис за мене, затоа што јас бев незрел како маж; Луција, исто така, беше сосема свесна за тоа дека е пред мене; нејзиното тело, како што минуваа годините, ги добиваше формите на страста што подоцна секој макар и малку искусен маж ги препознава дури и под маската на облеката, кај секоја жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Исто како што џезот и хип-хопот првобитно ги измислија (како веќе композитни форми) Афроамериканци и исто како што и тие се обликуваа, вирееја и се развиваа во и преку животот на таа конкретна општествена група – за на крајот да ги преземат и други, кои понекогаш ги вградуваа во нови и хибридни форми, а понекогаш ги разводнуваа речиси до непрепознатливост – така и кампот за првпат го разработија геј-мажите како колективна, внатрегрупова практика, пред да си го преземат и други општествени групи за сопствени цели, откако му ги препознаа субверзивниот потенцијал и широката применливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Град, во кој ги препознавам, во заедничка сегашност, пределите што тие ми ги разоткриваа како свое минато.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ги сакам кујните, а домовите просто ги препознавам по кујните, по мирисот што така несебично го раздаваат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Легнати во кревет, напрчените ќе ги препознаеш по тоа што јорганот со кој се покриваат навечер, наутро го издигаат секогаш на погрешно место.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ќе бегаш кога ќе ги препознаеш, додека меѓу луѓето во голем трговски центар, со отворена здравствена легитимација и стари истуткани резултати ќе просиш за лекови...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Какви чувства ќе се разбудат во тебе кога твоите „ангелари“ со развеани коси долги ќе поминат покрај клупата во градскиот парк, а ти, покриен со стари весници, ќе им се израдуваш на убавината, младоста и среќата... и нема да ги препознаеш, а ни тие тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Прво, во дошлаците на Имотот никој не ги препозна Тодета и неговите па луѓето со право се договараа да ги пријават на властите или сами тие да ги изгонат, и, второ, кога ги препознаа, во чудо се прашуваа од каде достасаа овдека, кај биле досега?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имено, на бреговите на долот и во урнатините на Градиште, богомилите, кои науката, зашто смета дека потекнуваат од планината Бабуна, прилепско, ги препознава уште и како Бабуни, во времето на цар Самоил, тука засновале своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Понекогаш ме иритираше што ги препознава моите чувства, мисли и погледи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јас забележав како од едно мало ритче доаѓаат тројца, Цвета се исплаши и ми рече убаво да се скриеме, а јас веднаш ги препознав тројцата: шнајдерот Мане со другарите Трајче и Милан.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Нашите хирурзи се во состојба толку да ги изменат луѓето, што никој не може да ги препознае. Понекогаш тоа е неопходно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кит Харинг (Keith Haring), големиот уметник на графитите, изработувал митски икони, што би можел да ги препознае секој почетник или петгодишно дете.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не личат на себе, не ги препознавам.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ќе ги препознаете по тоа што имаат кожни елечиња со многу нитни, пеес тетоважи (од ѕивана на Харли до ЧеГевара и Богородица), им фалат минимум осум зуба, немаат шишки, но затоа имаат џигерици за (страхо)почит.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Му се причини дека ги препозна.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Оттаму, кога ќе се вратам во Колсил, мојата англиска „резиденција“, ги препознавам луѓето и куќите како да се комшиски, а вечеринките, во пријатно друштво, се како необврзана подготовка за „лека ноќ“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој е единствено живо суштество што во последниве години ме трпи и кого јас го поднесувам во постојана близина, па како таков одлично ги препознава моите реакции.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Затоа, тие се шарени и овчарите не можат да ги препознаат.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Влатко го читаше написот во „Колибри“ - еднаш, уште еднаш, се загледа во сликата за да ги препознае членовите на еколошката секција „Фиданка“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
СТЕВО: Вие сте првата која ги препозна. Со години им ги кажувам овие стихови на сите девојки со кои се запознавам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Поп уметниците работеа ликови што секој можеше да ги препознае - стрипови, градинарски столови, машки панталони, познати личности, туш кабини, фрижидери, шишиња Кока-Кола - сите оние феноменални модерни работи кои апстрактните експресионисти толку упорно одбегнуваа да ги забележат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Низ разните симболи лесно ги препознавав епизодите од моите судири со водичите – конзерватори, посебно во Атеистичкиот музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ми се поврати старата живост и ведрина кои брзо ги препознаа децата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не ќе разбереа, но по гласот ги препознаа оние двајца Французи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Никој не можеше ни да ги препознае како што беа скриени во својата забраденост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога ѝ застанаа вака чудно облечени, во бугарски алишта, распашани, со двајца стражари зад нив, таа се исплаши, одстапи и сакаше да побегне, но во последниот момент ги препозна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Им ги препозна и торбите со кои беа вовезани преку рамо.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Братучедите ги препознаа куќите, портите, местата и сè повеќе се соживуваа не само со она што треба да им го донесе моментот туку и со сите доаѓања во селово од првиот до последниот пат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)