Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Извршувањето на казните сега беше поделено, - полесните случаи старчето му ги препушташе на помошник - управителот, другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)