ги (зам.) - прераскаже (гл.)

Животот упорно брза кон приказните за исчезнатото време што луѓето-играчки Не умеат да ги прераскажат; За нив времето е празнина Могила што треба да се насели.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И тогаш помислив - зошто да не му ги дадам на Били да ги прочита и потоа да ми ги прераскаже, знаеш, најинтересните делови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јана уживаше да си ги прераскажува сништата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, векот одминува, јас одминувам, еден растурен народ, како жив талисман ќе им ги прераскажува на иднината оние кои останале тука и сега шетаат за да му бидат ситна прав на брегот на морето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Бидејќи учителката многу ја фалеше, бев завидлив и затоа не ја поднесував Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прво: дали воопшто била кај него, или само ги прераскажува приказните на Анатолиј, а потоа сè она другоно како што следи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И цел пат да ми ги прераскажува лекциите по географија што ги знаеше наизуст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И токму таа да седне до мене...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)