Седи на мала маса. Во раката држи книга. Додека чита, мора да ги придржува очилата.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Денес, на пример, информатиката, комуникацијата, трговската промоција ги придржуваат зборовите „концепт” и „креативност”, а тие „концептори” богами се една дрска дружба која чинот на продавањето го прогласува за врховна мисла на капитализмот, cogito на трговијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот. Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)