Љубезните домаќини се трудат на страниците да им укажат гстопримство, и дури да ги придружат до бараното место.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На празникот (бајрам) на рамазанските пости и на празникот (бајрам) на жртвувањето, султанот имал обичај на корпусот на јаничарите да им подарува баклава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тестото ќе се извива во безброј нови облици, ќе доминира баклавата којашто ќе ги придружува Османлиите во нивните слави и празници, освојувачки походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Цела низа на забрани се однесуваат токму на допирот, „Bitte, die Kunstwerke nicht beruhren” е гесло, кое што ширум Германија ги придружува ликовните изложби, тука се и повиците „don’t touch me” и „lascia me” кои што исто така имплицираат одвраќање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тука се поставува прашањето, што се случува со таканаречените материјални, значи по традиционалните мерила пониски сетила, мирисот, вкусот и допирот, пред сè со последново сетило, допирот, кој што по општите претстави е прилично анимално, валкано, вулгарно сетило.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овој анатомски цртеж изгледа како да е избоцкан со шајчиња - дупчињата од шајки ги придружуваат главните линии на телото: постапката која на Леонардо требаше да му овозможи да го пренесе цртежот на друг лист со помош на јаглен прав.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Значи, ќе ги придружи до аеродромот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нормално е тие да ги придружуваат книgите докрај...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Козите кои ги придружуваат селаните се симбол на слободата, на здравиот живот и на единството на нивните семејства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Контактите што ги обавуваме од лична потреба или по службена должност, а и манифестациите што ги придружуваат таквите контакти, се само дел од игрите што ни ги приредува животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)