ги (зам.) - проголта (гл.)

Им се обраќам на сите осакатени и на духовите на безбројните милиони коишто војната ги проголта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Каде е татко ми? - праша откако ги проголта грутките кои му застануваа во грлото. - Каде е?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше приморан да ги проголта онака сирови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада во устата фрли само уште два-три залака, но истите ги проголта како суви грутки земја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истовремено, од него дуваат „ледени ветрови“, има „рибја уста“ од која се цеди „леплива магла“; кожата на лицето му е „сипаничава и рапава“; и постојано молчи „како нетмур“ кој „никако ни да ги проголта, ни да ги исплука“ зборовите и мислите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гласот не му го чув. Молчеше постојано како немтур, кому зборовите и мислите му се сплеткале во плетеница од суви гранки и никако ни да ги проголта, ни да ги исплука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Прво јади.“ Кети ѝ го поттурна послужавникот да ѝ биде поблиску до неа и остана да седи таму сè додека Рози сосила не ги проголта јајцата и резанката тост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Устата ми беше полна со тулумби, но немав трпение да ги проголта, па ја прашав, џвакајќи: - Нели филмот беше „супер“?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зарем немаа Балканот, пред тоа и Европа, картагинска судбина? Зарем не бараа со векови поголемите изговор како да ги проголтаат помалите смокви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Згасна и последната светилка во мракот ѕвездите ги проголта густа завеса од облаци мракот ко надојдено море плиска по споменот гордоста ја побарав во тажните сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Едноставно речено, ги проголта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можев да се споредувам само со оние ѕвезди за кои не знаеш од каде, кога ќе паднат и каде ќе ги проголта темнината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се спуштивме подолу, поминавме низ маглата, се наведнавме под долната граница на нашиот облак, погледнавме со двоглед и видовме како кон нашето градилиште, во концентрични кругови, се приближуваат жандармеријата, кралската гарда, полицијата, инспекцијата, баталјоните, војски, цела армија, и сите со заканувачки изглед, ѓавол да ги убие и да ги проголта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Облакот што нѐ криеше веќе не постои, дури и за него сакаат да нѐ изведат пред поротниот суд на Сена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)