Меѓутоа, во случајот со геј-културата воопшто постојано се бијат посмртни ѕвона, честопати од страна на четириесет и нештогодишни геј-мажи што ги проектираат сопственото чувство на генерациски расчекор и сопствените утописки надежи за иднината врз помлади момци – или врз секој што ја претставува најновата генерација геј-мажи што ќе се појави на сцената.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А потоа почнал да го мрази тоа што науката нумеричките кодови само ги проектира нанадвор, значи дека е некаква си равенка на веројатни природни закони, коишто би ја замениле самата природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Причинско – последичните врски се многу силни, сплетот на околности коишто ги проектираше твојот ум може да се материјализира.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Архитектите стручно ги проектираат современите училишни згради.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Целиот исполнет со претчувства за она што допрва треба да се случи - набиен со енергија од некаква замислена иднина, несигурна и тешка но слатка во својата не-веројатност, чекори забрзано дишејќи шуткајќи ги оние мали бели-кафеави камчиња на патот во кои ги проектира своите замисли за деновите што изминаа, понеделник вторник и среда.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)