ги (зам.) - проучи (гл.)

Крупни, црни, со жолт отсјај, очите ги запре на Софронија, се чинеше дека ги проучува мените на неговото лице, дека во нив бара потврда за тоа како било разбрано и до каде допрело неговото зборување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Графологијата, термин скован по аналогија со терминот фонологија, ги проучува јазичните контрасти што системите на пишување ги изразуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Графетиката, термин скован по аналогија со терминот фонетика, ги проучува физичките особини на симболите што го сочинуваат системот на пишување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ете зошто македонската интелигенција, ако ги проучи подробно своите интереси, тогаш на прво место треба да постави и за себе и за својот народ: со сите свои морални сили да ја зачува целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поаѓајќи од една натприродна визија за светлината, исусовецот езотерик, ги проучува нејзините појави и примени, сѐ до laterna magica, за која се смета дека тој ја открил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко во еден период, кога го оддалечија од Државниот архив, за кој ја врза својата судбина, започна фаталистички да ги проучува лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие машини ги проучуваат основните состојки на материјата на тој начин што предизвикуваат судири меѓу честичките при брзини блиски до брзината на светлината.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Првин добро да ги проучи делата на Маркс, Енгелс, Ленин и посебно Сталин, можеби многу подобро од ревносните членови на комунистичката партија и идеолозите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според авторот Старова, јаничарскиот дух и натаму ќе го опседнува Балканот, од што нема да биде изземен ниту некогашниот Советски Сојуз: „Откако ги проучи феномените кои произлегуваат од јаничарството и неговите погубни механизми по загрозената личност, тој стравуваше од ширењето на синдромот на култот на личноста на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеш да ми помогнеш, лека, полека, да ги пречукаме на чисто. Така подробно ќе ги проучиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ги научив нивните јазици, научив ладино, научив и грчки, ги проучив нивните книги, ги знам нивните обичаи, влегов во нивната политика, ја освоив довербата на нејзините предводници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден час подоцна го здогледав копното.” 1922-та Линдберг ја напушти ветувачката универзитетска каријера за да ги проучува летањето и навигацијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На 21 мај 1927-та тој го изведе првиот самостоен непрекинат лет од северноамериканскиот на евроазискиот континент. Anne Morow Lindbergh. Mark Twain.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа му влеваше храброст посмело и поистрајно во рамките на големиот проект да ги проучува главните миграторни движења на луѓето на Медитеранот, имајќи ги пред себе оние на птиците и рибите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Му кажа дека ги проучува пустините, дека е пустинолог, и дека е дојдена да ја проучи Сахара.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)