ги (зам.) - пружи (гл.)

Поправо, податоците што ги пружаат споменативе архиви се такви што само поттураат една помисла дека основањето на населбава се паднало одамна пред нив, одамна пред да настанат и да започнат да суштествуваат разните облици на администрирање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Загориче како од бога да било создадено уште во првиот ден на постанокот на светов, и од него, од бога, чувано и исчувано низ вековите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Дланките! - наредуваше. - И тогаш, да умрам ако лажам, јас без страв, како за инает, одеднаш пред него ги пружив двете дланки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За тоа говори и постоењето на сè поголемиот број скопски шмизли кои немаат ни 3 и пол грама акал, но затоа имаат мошне јасна цел во животот, а тоа е богат спонзор кој ќе им ги пружи сите благодети у животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со крената глава, кон него се упатил Моне Хенџов-Даров, му ги пружил ковчежето во рацете на умниот гостин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Девојчето ги пружа рацете во правец на очите на момчето, како да се обидува да го хипнотизира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На еден кревет седат две деца, машко по име Буки и девојче - Грета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, Копола прави сјајна, преувеличена и крајно театрална изведба на конвенционалната женственост во разуздано издание – наводно рекла „ако такво нешто може да се нарече глума“.410 Со напупените, надуени, нацрвени усни (на кои во една секвенција става црвенило; види слика 24), со дебелите, темни веѓи, со кокоравите очи оцртани со црна маскара и со алиштата од шеесеттите, Копола можело да ја имитира и Марија Калас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Главата си ја зафрла наназад за да си ги покаже белките од очите; се ѕвери наоколу, устата ја раширила во гримаса; импулсивно ги крева рацете за да си ја измазни косата, ги пружа пред себе молепствено и самоодбранбено. или ги влече по вратот, како да се бори за здив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Ќе пијам, - вели Зоки и ги пружа рацете кон Сламеното Мече.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се пробуди, иако знаеше дека нема ништо на столот до него, сепак ги пружи рацете, посегнувајќи по фигурата на старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)