ги (зам.) - разликува (гл.)

Меѓутоа, од времето на распадот на земјата и војната во Босна, многу појасно ги разликуваме менталитетите, јазиците, различните корени на овој балкански регион, кој е денес духовно разделен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога еден ден ќе бидеме во можност таа маса да ја раздвоиме на холограмски доволно густи елементи, нашите сетила не ќе бидат способни да ги разликуваат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога ги збрка полицијата, тој се најде меѓу првите редови во бегањето, но беше слабичок и истоштен, и сѐ повеќе заостануваше, не ги разликуваше лицата, гледаше само како безброј нозе го заминуваат, го сечат некако грубо неговиот чекор, и тој останува сѐ поназад и поназад.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога ќе можеме некој ден во холограм оваа маса исто така густо да ја расчлениме на елементи, тогаш нашите сетила нема веќе да бидат способни да ги разликуваат едната и другата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И токму тоа е тематизираниот „дигитален изглед“: сите уметнички облици ќе станат, преку дигитализацијата, егзактни научни дисциплини и така нема да можеме повеќе да ги разликуваме од науката. 114 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Роботот на Брацели Треба да се потсетиме како Федерико Зукари во својот славен трактат ги разликува трите вида или трите степени на кончетистичката уметност на Идејата: 1. “disegno naturale”; 2. “disegno artificiale”; 3. “disegno fantastico”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа прва, генерална асоцијации на театар (која е лајт- мотив, нишка која го поврзува целиот филм) сепак е мамка, илузионистички трик на Гринавеј, еден од многуте во таа толку забрзана, драстична и морбидна игра на раѓање-убивање, што гледачот го губи “стварносниот компас” (да, чиновите завршу­ ваат, декорот се менува, публиката аплаудира, но мртвите глумци не стану­ваат!) и веќе не е способен строго да ги разликува линиите кои, прво, ја разделуваат самата комплексна театарска сцена, потоа оние линии што ја разделуваат таа метастазирачка “сцена” (многу поголема од самата себе!) од публиката во “театарот” (многу поголем од самиот себе), а на крајот гледачот (а кој гледач???) има проблеми дури и себеси да се лоцира на некаква си мета (филмска) позиција, бидејќи една од основните стратегии на Гринавеј е разнишувањето на било кој “стабилен” агол на гледање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но голем дел од звуците што ги испуштаа птиците, таа не можеше да ги разликува, кој звук од која птица доаѓаше, а меѓу нив беше и прифатливиот милозвучен звук полн со страст што го слушаше сега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не само што тие му правеа неволи со вревата и со постојаното квакање, туку му беше тешко да ги разликува машките од женските патки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бесмислено и здодевно ми се потсмевнуваше што со мака ги разликував „ч“ и „ќ“, сѐ додека сосем не престанав да ги разликувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, ако и читателот во пајак се престори, ако заплете и тој ситни нишки во мрежата, ако му ги смеша конците на создателот, тогаш пајакот од средето не ќе може да го голтне, оти ќе залута, оти не ќе може да ги разликува своите од туѓите нишки; и ќе умре од глад, а читателот ќе преживее.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти во злото мерка нема, како и во милосрдието и добрината; по тоа тие две подобни се и тешко ги разликува слабата душа човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, нивната амузикалност нема да се мери по тоа колку можат да ја помнат мелодијата на песната, всушност, да ги разликуваат песните една од друга.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нашиот снежен рид потемнува, го губи својот блесок и најпосле снегот се топи. Престануваме да се лизгаме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стравот, додека се спуштала надолу, ѝ ја одзел способноста да слуша, да ги разликува звуците, да сфаќа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А Фистел де Куланж вели: „Она што нациите меѓусебно ги разликува не се ниту расата ниту јазикот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Верноста кон императорот ги разликуваше од римските и други преторијанци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знам да ги разликувам луѓето кои не се нивни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имињата постоеја не за полесно да ги разликуваме нив и ние во нив, ниту да го определиме нивното значење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Обзеден од сликата на фронтот, кутриот, не можеше да сфати, не може да ги разликува униформите. Вели: „Сите пукаа... Сите се едно...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А до него достигаше еднобојна шушкавост и тој, напрегајќи го слухот да ги разликува подмолните звуци на невидливите испреплетени живци, полека разбираше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тоа е она што ги разликува од човечките суш­тества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„А како да ги разликуваш морињата? Од кое и да се напиеш водата сегде е солена“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Следејќи го ван Генеп, тој ги разликува премините во три различни збирови на обреди (види Слика 1): a) пред- 26 „Влажни грбови“, погрден назив за мексиканските емигранти во САД. 27 Mary Pat Brady, “The Fungibility of Borders,” Nepantla: Views from South Volume 1, Issue 1 (2000): 177. 28 Mark B. Salter, “At the threshold of security: a theory of interna- tional borders,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Se- curity, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 37-38. 28 лиминални (обреди на сепарација од претходниот свет), б) лиминални/прагови (обреди на транзиција); и в) пост-лиминални (обреди на инкорпорирање во новиот свет).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Убивањето на „Бугари“ во Солун Евгенијадис го сметал за нормално, меѓутоа, го бунело тоа што биле убивани и Грци, што убијците не сакале многу да ги разликуваат христијаните по својата „вина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)