ги (зам.) - раскрвавува (гл.)

Зборовите како да им ги раскрвавувале испуканите усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Другите пак стиснати меѓу грмушки, колку-толку со шушкав ѕид заштитени од нејасни опасности што само можеле да се претчувствуваат, шепотеле со воздишки за куќите, за најродените и за роднините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)