Но поплавата од музика постепено ги растера сите шпекулации од неговата глава.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги растера кучињата викајќи им: - Тет! На што лајна најдовте да залаете!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Силно „граак“ на острогледната гуска ги растера неколкуте ситни сиви патки во безуспешниот обид да ѝ се придружат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Војската што зеде учество за да ги растера предизвикувачите на немири уби 11, а рани 9 лица.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ја да те чуеме што песни знаеш да пееш? – и ги растера двете жени што беа крај него да направат место за новото анамче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Замрзна седефот, зашто во мислите го врзуваше со некаква студена пустош и осаменост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во соседната зграда запалија светло: здивот на еден туѓ живот проструи низ Бутиевото сопче за да ги растера мракот, празнината, пустелијата на неговото постоење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако понекогаш и успееше да ги растера мислите, тој немаше моќ да ги спречи соништата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како кога клепам за да ги растерам солзите, жалта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)