ги (зам.) - растовара (гл.)

Ги растовараат со окрвавени преврски по главата, по трупот, по нозете и рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Милка речиси сама ги растовара пљачките, ама ја има на око и Родна што го залажува нејзиниот Вангел, па на минување крај неа ѝ подрекува Мори Родна пуста што туку го прчиш тој газ на кај мојот Вангел, што не му помогнеш на твојот Белчо што побргу да ги извадиме пљачките!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога шумарот ќе фатеше некого, дрвата му ги растовараше во дворот на Панда, зашто тој беше кмет во селото, а шумарот на дрварот кого што ќе го фатеше ќе му ја земеше секирата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)