Еден од нив ме зеде и ми ја соблече облеката што можеше лесно да се соблече, другите делови од облеката со нож ги распара и ги расфрли околу масата. Бев гола како од мајка родена.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Не ме интересира. Повеќе да не те видам!“ - ѝ ги зел тревчињата и ѝ ги расфрлил.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се исправив за да свикам разбеснето, но само полека ги собрав јаболката и ги разфрлав низ вратата ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Зад неа завеа ветар, ги потсобра сламките, ги подигна и ги расфрли по селското сокаче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се исправив за да свикам разбеснето, но само пополека ги подзедов јаболката и ги расфрлив низ вратата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ги откопале дури и коските од гробиштата и ги расфрлиле по ѓубриштата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)