Стојанка како крената пушка веднаш одговори: — „Неда", а попот си продолжи: „Крешчаетсја раба божја Неда, во имја отца амин, амин", и му ги Изреди ,и на ова детенце оние исти благослови што им ги рече на тие пред него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Врати ми го нереченото и закопај го покрај мене тука, можеби, некогаш одново ќе расцветаат зборовите кои никогаш не ми ги рече.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во главата на стариот мајстор му зататнија зборовите што му ги рече вечерва сопственикот на куќата во Маџир-маало и го удрија, го спепелија бесповратно, му ја зедоа силата, тој убаво почувствува - бесповратно.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој ме погледна сакајќи да разбере што се крие во тие мои зборови, да прочита од тонот со кој ги реков.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И што да напишам? Во машината до мене стоеше ставен лист хартија, потсетник на мојата неостварена повест, на кој сега отчукав неколку реда, повторување на зборовите што ги рече денес Вангел: „Сега, Симон, нема што, утре заминуваме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од тие зборови што му ги рече на Велета, беше го пуштил штркот Силјан и си одлетал Силјан на куќа.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И дури сега, наеднаш, полни со работи, кои што имаа еден на друг да си ги речат, овие тројца луѓе тргнаа да се испраќаат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тука и повратениот кураж, и една чудна решеност, а Претседателот ги имаше смислено сите зборови, и тој нив мораше да ги рече.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Навистина, остануваа во него многу од оние работи, што му ги рече неговиот Брат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Третина од сите работи што сум ги рекол или направил веројатно се банални клишеи, третина е тешко срање а третина се полни погодоци. Тоа е добар просек.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Отиде неколку пати кај неа со сите оние бакшиши што и ги носеше Ајша, но Анѓа и нему му ги рече истите зборови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него. He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока затворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Брезничани не го разбраа, ама тоа, како ги рече тие зборови и како се удираше по слепоочницата многу ги загрижи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Ја прашуваш мајка си од кого бев упатена во овие подробности штом не ми ги рекла Рајна Коцева?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Ене ги рече Дуко Вендија, без да ја извади цигарата од уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)